Мадуро: Стравувам од интервенцијата на САД
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави синоќа дека стравува од интервенцијата на САД во неговата земја, јави ДПА.
- Венецуелците се чувствуваат загрозени од агресијата и заканите на екстремните кругови во САД, нагласи Мадуро.
- Радикалните кругови што ја имаат власта во Пентагон, јужната воена команда на САД и Стејт департментот подготвуват планови за интервенција против Венецуелна, додаде тој.
Мадуро и претходно обвинуваше други земји и граѓански групи во Венецуела дека водат „економска војна“ против Владата.
Во саботата илјадници демонстранти протестираа против Мадуро во Каракас.
Тие побараа гаранција за почитувањето на човековите права и нови избори и се огласија против она, што го оквалификуваа како приближување кон диктатура.
Заштитникот на човекови права Алфредо Ромеро наведе дека се уапсени повеќе од 50 лица.
Венецуелската полиција користеше солзавец за да го растури протестот.
Ново на Сител
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб