-->
-->
Маџиров на поетски фестивал во Романија
-->
Македонскиот автор Никола Маџиров ќе чита поезија на отворањето на меѓународниот фестивал „Поети во Трансилванија” што се одржува во романскиот град Сибиу, кој беше Европска престолнина на културата во 2007 година.
На фестивалот учествуваат и автори од Ирска, Белгија, САД, Шведска, Велика Британија и Полска.
Маџиров претходно учествуваше и на меѓународниот фестивал „Михаи Еминеску” во Крајова во Романија, а наскоро ќе следи и претставување на неговата поезија во Букурешт.
Поезијата на Никола Маџиров беше објавена во превод на романски јазик од Дениса Дуран и Јоана Јероним, во повеќе списанија во Романија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори