МАЕИ бара ослободување на Едмонд Темелко

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска Интеграција (МАЕИ), апелира македонските институции итно да ги преземат сите потребни чекори и да го ослободат од затвор лидерот на партијата и градоначалник на Пустец Едмонд Телко.
- Едмонд Темелко кој е во Истражниот затвор во Скопје се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба. Неговите роднини не информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега, посочува МАЕИ во барањето.
Според партијата, држењето во притвор на Темелко во крајно сериозна здравствена состојба е чин на злосторство кој не и служи на чест на македонија и претставува навреда за сите Македонци во Република Албанија.
- Македонците бараат запирање на политичкиот прогон против Едмонд Темелко, а политичките сили во Република Македонија да покажат повеќе национална одговорност, се наведува во барањето.
Темелко е во притвор е од 26 септември.
Ново на Сител
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
