Маѓар разговарал со Фон дер Лајен за деблокада на средствата од европските фондови за Унгарија

Петер Маѓар, лидерот на партијата „Тиса“ што победи на парламентарните избори во неделата, соопшти дека разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на замрзнатите европски средства за Унгарија.
Маѓар во статус на својот фејсбук-профил посочува дека во телефонскиот разговор била постигната согласност дека ослободувањето на средствата е еден од приоритетите, со цел граѓаните на Унгарија што поскоро да добијат пристап до развојните фондови на Европската унија.
– Се согласивме дека ослободувањето на илјадници милијарди форинти европски средства, кои им припаѓаат на унгарските граѓани, но се замрзнати поради корупцијата на владата на Орбан, е најважниот приоритет – напиша тој.
Според него, Европската комисија порачала дека ќе соработува со идната унгарска влада за во најкус рок да се постигнат конкретни резултати и да се овозможи користење на средствата од европските фондови.
Маѓар посочува дека милијардите евра за Унгарија се замрзнати поради, како што вели, корупција во унгарската власт, додавајќи дека ослободувањето на тие средства е од клучно значење за националното стопанство и граѓаните.
Европска унија држи „замрзнати“ околу 17 милијарди евра, наменети за Унгарија од фондовите за кохезија и за закрепнување по ковид-кризата. Причина за тоа се покренатите правни спорови со Будимпешта поврзани со владеењето на правото, независноста на судството, академските слободи, азилантската политика и правата на ЛГБТ заедницата во земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
