Македонија
20. January 2020 - 9:45

Магла и намалена видливост од село Лисец кон Попова Шапка

Намалена видливост до 50 метри поради магла има на патниот правец од село Лисец кон Попова Шапка, информира утрово Авто-мото сојузот на Македонија.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.