Маглата ги отежна патниот и авиосообраќајот

Поради магла на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје изутрината се откажани летовите од и за Истанбул, а доцнење од час и половина има на летот од Виена, за каде пак полетувањето треба да се реализира исто така со доцнење од еден час, покажуваат податоците на веб страницата на скопскиот аеродром.
На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за денеска не се превдидени полетувања и слетувања.
Како што информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), маглата ја намали видливоста на повеќе патишта низ државата. Во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод и Битола видливоста е од 100 до 150 метри, во Куманово 50 до 100 метри, во Тетово 50 до 60 метри, Павлешници 30 до 50 метри, додека во Велес, Катланово-Велес и Отовица-Катланово до 100 метри.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до среда ќе се задржи стабилно и суво време со магла по котлините и со појава на умерена до значителна облачност, но позначителна промена проследена со врнежи и северен ветер се очекува од петок преку денот.
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
