Мајка од пеколот: Силвана му го смачкала черепот на новородениот син

Обдукцискиот наод кој пристигна во Вишото обвинителство во Пожаревац ги потврди сомнежите дека Силвана Т. од блиското село го убила штотуку родениот син така што му го смачкала черепот.
Според извештајот од обдукцијата, на малечкото бебе на неколку места му биле видливи скршениците на черепот.
-Детето е родено живо и здраво, по што настапила насилна смрт. Во прашање се механички повреди на черепот, по што бебето починало, објаснува извор од истрагата.
Според него, натамошната истрага ќе утврди дали мајката го тепала бебето со голи раце или во прашање е некој тап предмет.
Силвана Т. во вторникот попладне им рекла на инспекторите дека родила мртво дете. Но лекарите забележале повреди кои укажуваат на насилна смрт. Обдукцијата потврди дека се работи за убиство, а не за природна смрт. Уапсената жена е сослушана во полицијата во Пожаревац, а против неа е поднесена кривична пријава за убиство на дете при породување. Таа, неофицијално тврдела дека нема никаква врска со убиството и дека се работи за несреќа.
Случајот не сакаше да коментира никој од соседите.
-Соседката не беше дома. Не знаеме дека била бремена. Повлечена и со никого не разговараше. Знаеме само дека тука доаѓаше полиција, вели една од сесетките на Силвана.
Инаку, според српскиот кривичен закон, на Силвана Т. и се заканува затворска казна до 5 години поради убиството на новородениот син.
Ново на Сител
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
-

Парламентарни избори во Ерменија
