Mајка од Скопје на Фејсбук: Моето дете доби ќотек во Скопје поради бојата на кожата
Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на расна основа, од страна на двајца напаѓачи. Според нејзината објава нејзините деца, биле затечени во близина на музичкото училиште.
„Син ми Нишон (13г.) и неговите брат и сестра (9г.) одејќи кон музичкото училиште, на плоштадот Македонија во родниот ни наш град Скопје. Биле нападнати вербално на расна основа од страна на двајца млади мажи околу 20г. Им го попречувале патот и ги нарекувале “Niggers”. Син ми, НИШОН е удрен со многу силна тупаница по главата (повреден) поради тоа што ги прашал дечките зошто ги навредуваат и дали тоа го прават на секој поразличен физички од нив…
Имало луѓе наоколу, но никој ништо не сторил во моментот…
Дечките избегале, јас како мајка случајот, потоа, го пријавив во полиција и им ветувам на моите деца, дека јас како нивен протектор, ОВДЕ,ДОМА во Р.С.М. Нема да дозволам повеќе да бидат/бидеме вербално и физички напаѓани без никаква основа, а никако па на расна основа…
Значи навреди како: “Nigger”,”Црнчуго”, Циган”, Црн ко гомно” не се ЗАБАВНИ и нема да пројдат онака…П. С.
“Јас имам предрасуди кон оние кои се полни со предрасуди”.
ВЕ МОЛАМ ПРЕНЕСЕТЕ
БЛАГОДАРАМ“, напиша Милена на Фејсбук.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај