Мајката ги затекнала синовите прегрнати: Постариот му шепотел на малото, а неа и го скршил срцето

Шерил Бленксби од Австралија знаела дека нешто лошо се подготвува, но не знаела дека тоа ќе и го скрши срцето. Го затекнала својот тригодишен син Вилијам како нежно го гали и му шепоти на својот помлад брат Томас.
Вилијам го галел Томас по образот и му шепотел „твојот постар бато е тука, се е во ред“. Томас, кој тогаш имал само 13 недели, роден е со раничка на десната рака која изгледала како белег. Немал симптоми на никаква болест.
Но кога наполнил шест недели, лекарите му нашле нешто на абдоменот. Се покажало дека има тумор над бубрегот. Бил на операција на која му е отстранет едниот бубрег, а лекарите констатирале дека малечкото бебе има редок и агресивен тип на рак, кој најчесто се појавува кај бебеињата и малите деца. Само 25 случаи годишно се забележани во цела Америка.

Само 30 отсто од пациентите успеваат да го победат ракот, а и натаму не постои договорена терапија. Затоа Шерил и нејзиниот сопруг и постариот брат Вилијам решија секој момент да го поминат со малиот Томас.
Срцето ми се крши секогаш кога Томас ќе ми се насмевне зошто знам колку ќе ми недостасува таа насмевка. И кога мислам дека нема да можам да ја издржам таа болка, го гледам неговото лице и знам дека и тој има неиздржливи болки, и мислам дека ќе умрам од мака. Се будам со надеж дека сето ова е само грд сон, а потоа пак го гледам Томас во болки и знам дека за жал, сето тоа е јаве. Секоја ноќ само се молам ова да не ни е нашата последна ноќ, рече Шерил за медиумите.

Ново на Сител
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
