Мајката на убиеното 14 годишно дете од Прилеп: Убиецот имал список со 10 деца

Мајката на 14-годишниот Александар Димов, кој беше убиен во Прилеп, посочува дека е уште во шок и не може да се помири дека детето и е починато. Маријана Димова посочува дека убиецот имал список со планирани убиства. Посочува дека на убиството претходел и физички напад.
„Еднаш се скарал пред продавница, сакал со пивско шише да го удри – само едно другарче го тргнало. Пред неколку дена му рекол дојди во Прилеп, бидејќи не можел тука да го изврши убивството, па му направи замка за во Прилеп. Тој го планирал убиството. Правда. Да не излези никогаш од затвор. Само правда барам. Тој ако излезе, ќе утепа и други деца. Си имал список, тој си планирал, си имал список со десет деца да убие“, раскажува Димова за „Алфа“.
Информацијата за списокот е само тврдење на мајката, а засега, ваква информација нема од надлежните институции кои го испитуваат случајот.
Инаку, осомничениот 16-годишник, веќе е во 30-дневен притвор, определен од судија за деца, а по барање на прилепското обвинителство. Тој се сомничи дека со 10 убоди од нож го усмртил 14-годишниот Александар Димов во центарот на Прилеп на 29 февруари околу 19.30 часот.
Ново на Сител
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
