Мајката од Хиподром незнае зошто го фрли синот од тераса
Мајката од Хиподром без одговор пред полицијата зошто го фрли синот од балкон. Полициски инспектори вчера во Клиничкиот центар во Скопје извршиле разговор со 37- годишната жена од Хиподром која минатиот понеделник го фрли 6-годишното дете од тераса. Според инфoрмациите на Сител таа на инспекторите само им изјавила дека имала брачни несогласувања со сопругот.
На прашањата зошто го фрлила синот, а потоа и самата скокнала од 4-от кат жената не сакала да одговори ништо.
Минатата недела сопругот во исказ на полицијата им кажал дека жената имала психичко растројство и еден час пред трагедијата тој пријавил во полиција и барај помош да ја сместат во соодветна установа.
МВР по целосно комплетирање на случајот деновиве ќе поднесе соодветна пријава до обвинителството за расчистување на семејната драма.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ