Мајки нападнати од своите синови во кумановско
Три лица, двајца кумановци и жител на липковско, ги нападнале своите мајки, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Како што информираат од СВР Куманово случаитe биле пријавени на 26 мај (недела). Едниот е приведен, за двата случаи полицијата презема мерки за целосно расчистување.
Вчера во 16:00 часот во СВР Куманово, 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син, наведува полицијата.
Час и половина подоцна, кумановка (70) пријавила во полицијата дека физички била нападната од нејзиниот син. За двата случаи, полицијата презема мерки.
На полноќ во неделата, полициските службеници пак лишиле од слобода дваесет и четиригодишен жител на липковско, Слупчане.
- СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А. (24) од село Слупчане, липковско, затоа што физички ја нападнал неговата мајка. Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираше СВР Куманово.
Ново на Сител
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска