„Мајски цвет“ ќе ја снабдува со храна градинката во финансии
Советот на Општина Карпош на денешната 29 вонредна седница ја одобри одлуката со која се овозможува од карпошовата градинка „Мајски Цвет“ да се врши подготовка и достава на храна за децата во градинката „Мини Фини Буџетчиња“ што е отворена од Министерството за финансии за згрижување на децата на нивните вработени.
Оваа услуга, како што соопшти Општината, се договори по претходно иницирана соработка меѓу Министерството за финансии и градинката „Мајски Цвет“. Договорот треба да се потпише најдоцна до 28 октомври 2019 година.
На седницата била дадена согласност на измената на Годишниот план за вработувања за 2019 и 2020 година на општинското основно училиште „ Петар Поп Арсов“, се одобрило изменувањето на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2019 година, а бил усвоен и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општината за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01 јануари 2019 година до 30 септември 2019 година.
На седницата советниците дале „виза“ за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2019 година, а донеле и одлука за доделување на 200.000 денари финансиска поддршка за кошаркарскиот клуб „СПАРТА“.
Ново на Сител
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024