Македонците ќе го живеат европскиот стандард за 56 години
Македонците ќе го живеат европскиот стандард за 56 години, покажува ивештајот на Здружението за истражување и анализи. Годините можат да се скратат, па дури и да се преполоват, ако се спроведат клучните реформи кои ги бара Унијата.
Фокусот треба да се стави на зголемување на продуктивноста, па потоа раст на платите. Повисоки плати без зголемена продуктивноста може да има контра ефект, велат од ЗМАИ.
-Растот на продуктивноста може да го постигнеме доколку имаме квалификуван кадар и инвестиција во технологии не само од страна на државата, туку и од страна на приватниот сектор. Само зголемување на платите без додадена вредност во општеството односно на крајниот производ може да има само контра ефект иако економските параметри покажуваат дека во сегашните услови има простор за зголемување на платите, вели Виктор Митевски, извршен директор на Здружението за истражување и анализи.
Според податоците, бруто платата во земјата изнесува околу 1,000 евра. Што е третина од просекот во Унијата, каде е 3.000 евра. За да ги стигнеме нивните плати, ќе би требаат 40 години. Според примањата, нашата земја е на средина од регионот. Повисоки плати се исплаќаат во Србија, Босна и Црна Гора, а пониски од нас во Албанија и Косово.
Во делот на образованието, државата не стои најдобро. Од 6 индикатори, во 4 се оддалечуваме од Унијата. И во делот на ПИСА и државното вложување во овој сектор. Напредок имаме само во здравството и дигитализацијата, покажуава извештајот, чија цел е да видиме каде сме и што треба да направиме за да се подобриме.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
