Македонците консумираат најмалку месо во Европа
Македонија, Албанија, Турција и Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо. Според мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Македонците, Албанците, Турците и жителите на Молдавија годишно консумираат по 39 килограми месо. Од земјите во регионот, најголема потрошувачка на месо има во Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.
Шпанија е на прво место во Европа со 99 килограми месо по жител. Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител. Податоците на „Landgeist“ за потрошувачката не месо не ги вклучуваат рибата и морските плодови.
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот