Македонците во Албанија ја одбележаа Василица
Македонците во Албанија традиционално го прославја празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар.
- Меѓу Македонците во Албанија, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, празникот е познат како Василица или Сурова, и се прославува во духот на македонските обичаи и традиција. Синоќа се палеа Василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се печеа колбаси, месо и се пееја песни, вели Васил Стерјовски.
Според традицијата наследена од дедовците прадедовците, додава Стерјовски, деца маскирани и со музички инструменти во рака одат од куќа во куќа пејат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе.
За Василица домаќинките подготвуваат погача или пита со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.
Тие, како што соопшштува Стерјовски, сега се подготвуваат за големиот празник Водици.
Ново на Сител
-
ДСЗИ не најде пропусти во вонредниот надзор во кумановската болница каде почина родилката
-
Со месеци не плаќале патарина, полицајци и вработени во Државни патишта кривично ќе одговараат
-
Започна новата академска година – Си ја гледаат ли бруцошите иднината во Македонија?
-
Преглед на вестите од светот
-
Прв академски час на универзитетите
-
И синдикатите и газдите не се задоволни
-
Јаневска: Ќе го подигнеме студентскиот стандард
-
Преглед на вести од светот