Македонец избоден од Србин на Малта

Малтешката полиција е во масовна потрага по Србин кој е осомничен за наводен обид за убиство во градот Бугиба, во северниот дел од Малта.
Тој е осомничен дека го избодел 58-годишниот Македонец, кој во моментов се наоѓа во критична состојба.
Како што објавува „ТВМ" полицијата добила дојава дека во понеделникот дошло до расправија, по што во болницата бил пренесен повредениот маж.
Повредениот со тешки повреди и крвав влегол во болницата „Матер деи", каде му била пружена лекарска помош, тој се уште се наоѓа во тешка здравствена сотојба и поради тоа овој случај се третира како обид за убиство.
Полицијата е во масовна потера по сторителот на територијата на целата држава.
Сторителот се уште не е пронајден, а полицијата ги замоли сите кои имаат некакви информации да се јават во полициската станица.
Ново на Сител
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
