Македонија
17. December 2020 - 14:37

Македонец во Австрија казнет со 2.400 евра, го шетал кучето за време на карантин

Судот во Линц осуди угостител со македонско потекло на парична казна од 2.400 евра поради кршење на карантин.

До истекот на карантинот му преостанале уште два дена, но тој излегол да го прошета своето куче во шума.

Заедно со сопругата бил на одмор во татковината во ноември, а кога се вратил, неговата сопруга била позитивна на коронавирус. Тој, како прв контакт на заразената сопруга, морал да оди во карантин.

Потоа, на 22 ноември, тој исто така бил позитивен на тестот, откако добил благи симптоми на болеста. Осум дена подоцна, два дена пред крајот на карантинот, тој го прекршил законот.

Полицијата дошла до зградата во која живел угостителот и му се јавила на неговиот мобилен телефон, барајќи да се појави на прозорецот и да мавта. Но токму тогаш тој бил на прошетка со кучето, поради што добил пријава.

Судијата одлучил дека шетањето на кучето не е причина да го прекрши карантинот.

Угостителот тврдел дека ротвајлерот морал да излезе во природа бидејќи станал агресивен заклучен во четири sида.

„Не бев свесен дека можам да заразам некого и не верував дека сум заразен“, рекол тој.

Државниот обвинител кажал дека прошетката со ротвајлерот можела многу брзо да доведе до судир со други кучиња и тогаш би било тешко да се одржи растојанието од други сопственици на кучиња.

Судот му одредил парична казна при што во одредувањето на висината на казната ја зел предвид и тешката сититуација на угостителот, а тој најавил жалба бидејќи казната му се чинела превисока.