-->
-->
Македонец во битка за трофејот „Златно момче“
-->

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ ја објави листата на фудбалери кои конкурираат за наградата „Голден Бој“. Во конкуренција за најдобар млад играч се наоѓаат 100 фудбалери.
Конкуренцијата во која се наоѓа и играчот кој има македонски корени Дејан Кулушевски оваа година е многу силна. Покрај Кулушевски кандидати се Ансу Фати од Барселона, дваоецот на Борусија Дортмунд Џејсон Санчо-Ерлинг Халанд, Фил Фоден од Манчестер сити, Сандро Тонали од Бреша, Габриел Мартинели од Арсенал, Родриго и Рејниер од Реал Мадрид…
Непишано правило е дека добитникот на оваа награда подоцна станува топ класа во светскиот фудбал.
Во минатото наградата „Голден Бој“ ја добиле Лионел Меси, Вејн Руни, Пол Погба, Сеск Фабрегас, Серхио Агуеро, Килијан Мбапе, Матијас Де Лихт, Жоао Феликс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево и топло, од утре нестабилно со дожд и грмежи
-
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се сретна со папата Франциск
-
Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите напори за изградба на праведно општество
-
Ишиба: Јапонија бара праведност во економските преговори со САД
-
Масовни протести во САД против власта на Трамп
-
Христијаните го слават Велигден
-
Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението
-
Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје