Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027

Ако ја мине првата фаза, односно претквалификациите за Светскиот Куп, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе игра во една од двете извлечени групи од оној главен дел од квалификациите за настап на Мундобаскетот во 2027 година кој ќе се одржи во Катар.
Вечерва во Доха, беа извлечени натпреварувачките групи преку кои ќе се одвиваат квалификациите во европската зона за пласман на Светскиот Куп.
Европскиот дел од светската кошарка ќе биде претставуван со вкупно 12. национални селекции од Стариот континент на завршниот турнир.
Системот за натпреварување вели дека вкупно 32. европски селекции ќе бидат поделени во осум групи.
По шест одиграни натпревари, провласираните три продолжуваат во следната фаза, поделени во четири новоформирани групи, од каде првопласираните три обезбедуваат место на Мундобаскетот во Катар 2027 година.
Македонија е една од 12.селекции кои че играта во претквалификациите за место во главната квалификациска рунда за Светкиот Куп. Дел е од групата „Б“ во која се уште и националните тимови на Романија и Унгарија. Во периодот од 2. до 20. август, овите три селекции ќе се борат за две позиции кои обезбедуваат „премин“ во квалификациите.
Првопласираната селекција од оваа „Б“ претквалификациска група за противник во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата „Б“ во која се Грција, Црна Гора и Португалија.
Второпласираната селекција од нашата група пак за ривали во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата „Г“, во која „се сместија“ Франција, Финска и Белгија.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКИ КУП 2027 – НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ
ГРУПА А: Шпанија, Грузија, А група-претквалификации-победник, Д група-претквалификации-второпласиран
ГРУПА Б: Грција, Црна Гора, Б група-претквалификации-победник (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија), Португалија
ГРУПА Ц: Србија, Турција, БиХ, A група-претквалификации-второпласиран
ГРУПА Д: Литванија, Италија, Велика Британија, Исланд
ГРУПА Е: Германија, Израел, Кипар, Д група-претквалификации-победник
ГРУПА Ф: Летонија, Полска, Ц група-претквалификации-второпласиран, Ц група-претквалификации-победник
ГРУПА Г: Франција, Финска, Белгија, „Б“ група-претквалификации-второпласиран (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија)
ГРУПА Х: Словенија, Чешка, Шведска, Естонија
Ново на Сител
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
-

Со дел од раководство зад себе, Филипче на прес конференција остро ја нападна Платформата 12.05
-

Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ
-

Пратеници предложите “соби за пушење” во новиот закон, а министерството за здравство не прифаќа
-

Корупцијата во нашето здравство е толку многу инкорпорирана што граѓаните и не ја препознаваат
-

Македонија стана полноправна членка на Светската организација на земји производители на тутун
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
