Loading Video...
Фудбал
7. December 2020 - 19:12

Македонија го дозна противниците за мундијалските квалификации

Македонската фудбалска репрезентација која следното лето за прв пат во историјата ќе игра на завршпницата на ЕП, вечерва ги дозна и противниците во квалификациите за СП 2022 во Катар
 
Во седиштето на УЕФА во Нион вечерва биде извршена жрепката за квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.
 
Квалификациите ќе започнат во март следната година, а во нив 55-те  репрезентации ќе бидат поделени во пет групи со по пет репрезентации, а пет групи со по шест репрезентации.
 
Фудбалска селекција на Македонија која беше извлечена од четвртиот по квалитет шешир, се најде во последната „Ј“ групата  во која за противници ќе има пет противници и тоа селекциите на: Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн
 
Првопласираните репрезентации ќе обезбедат пласман на завршницата на Мундијалот, додека второпласираните во групите, заедно со уште две репрезентации преку Лигата на нации, ќе играат бараж.
 
Инаку Светското првенство во Катар ќе биде првото што ќе се одржува во зимскиот период и тоа од 21 ноември до 18 декември 2022 година.