Loading Video...
Фудбал
14. November 2021 - 20:52

Македонија го совлада Исланд и ќе игра бараж за СП во Катар

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада селекцијата на Исланд со 3-1 и го оствари најдобриот квалификациски пласман во својата речиси 30 –годишна историја на меѓународни натпревари. 
Вечерва  се играше во грч но сепак Македонија покажа дека е подобар противник од стариот должник од  рибарскиот остров и на крилата на Алиоски и расположениот Елмас дојде до посакуваниот успех. 
Победата е висока но не беше лесно како што се очекуваше. Добро е што Алиоски рано го отвори резултатот уште во 7. Минута и потоа се одржуваше рамнотежа до крајот на првиот дел. 
Почетокот на вториот им припадна на гостите кои ја отворија играта и тоа им донесе израмнување  плус уште некоја шанса која беше опомена за избраниците на селекторот Милевски. 
Токму во тие минути  нашата репрезентација  го засили темпото и по една упорна акција  Елиф Елмаз донесе ново водство  кое во финишот од мечот  успеа и да го потврди со својот втор гол за голема победа за Македонија од 3-1 со што го освоивме посакуваното второ место зад големиот фаворит Германија и обезбедивме учество во баражот за мундијалот во Катар. 
Според информациите  извлекувањето на трите групи во кои ќе учествуваат 10 репрезентации од квалификацискиот циклус и плус две од Лигата на нациите ќе биде на 26 Ноември во 17ч. 
СЕкоја група ќе има по четири селекции кои ќе играат полуфинале и финале и само победниците ќе патуваат за Катар. 
Тоа е веќе шлаг на тортата за оваа генерација фудбалери која ги отвори портите кон големите натпреварувања уште со настапите во младата репрезентација  а потоа и во А- националниот тим со историскиот пласман на Европското првенство и сега во баражот  за следното Светско првенство. 
Да потсетиме конкуренцијата ќе биде силна бидејќи тука се една Русија, Шведска, Полска, Велс, Шкотска и многу други силни селекции....