-->
-->
Македонија гостува кај Унгарија
-->

Македонската кошаркарска репрезентација попладне во Солнок со дуелот против домашната Унгарија ги завршува настапите во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. „Црвено-жолтите“ по двата пораза на домашен терен во салата Јасмин во Кавадарци од директните конкуренти во групата Г, Унгарија и Велика Британија за првите две места на табелата ги загубија и теоретските шанси за учество на уште еден Европски шампионат.
Дуелот во Солнок против лидерот во групата Г, Унгарија за нашиот националн тим ќе биде шанса да се поправи лошиот впечаток од последниот меч в средата против Велика Британија кога доживеаја убедлив пораз од 89:62.
Против силната селекција на Унгарија, македонскиот состав кој веќе ги загуби сите можности за пласман на првите две места во групата ќе настапи без натурализираниот Македонец Ромео Тревис, кој во договор со стручниот штаб доби дозвола предвреме да ги заврши квалификациите и да замина кај семејството во САД. Тоа значи дека поголема минутажа на теренот ќе добијат центрите Младеновски, Крстевски, Јаневски и Дујковиќ.
Натпреварот во Солнок меѓу селекциите на Унгарија и Македонија се почнува во 16 часот и 30 минути.
По 5 одиграни кола во групата Г на водечката позиција со максимални пет победи е селекцијата на Унгарија пред Велика Британија со три победи, Македонија со два и Луксембург без ниту еден триумф
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен полицаец во Делчево кој возел без положен возачки испит, возилото одземено
-

Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист
-

Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир
-

Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за четврток
-

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже
-

Дизел горивата поскапуваат за половина денар
-

Аудито на Мерко од 67.000 евра оди на надавање, почетна цена 10.000 евра
-

Во јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, приведени 74 лица за безобѕирно управување на возило
