Македонија и Чешка ја унапредуваат трговијата со земјоделско-прехранбени производи
Потенцијалот на Македонија и Чешка во земјоделското и сточарското производство е голем и треба соодветно да се искористи, заклучија на денешниот состанок министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и новоименуваниот амбасадор на Република Чешка Мирослав Томан.
Николовски и Томан разговараа за унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството. Предложија и иницијатива за потпишување меморандум за разбирање меѓу двете министерства каде ќе се утврдат областите на заеднички интерес и формите на идната соработка.
Македонската преработувачка индустрија за овошје и зеленчук, беше речено на средбата, бележи зголемување на извозот во Чешка што е многу значајно бидејќи преработките имаат додадена вредност и постигнуваат повисока цена.
Амбасадорот Томан упати покана до министерот Николовски за посета на Република Чешка, на најголемиот и најзначаен меѓународен саем за земјоделство и храна што се одржува во август следната година, заедно со фирмите кои се заинтересирани за извоз на земјоделско прехрамбени производи. Во рамки на оваа посета ќе биде остварена и средба помеѓу министрите за земјоделство на Република Македонија и на Република Чешка, на која е планирано да се договорат идните конкретни чекори за соработка во доменот на надлежност на двете министерства.
Република Чешка е значаен трговски партнер за Република Македонија. Во таа насока се планира долгорочна поддршка за промоција на македонското вино и преработки од овошје и зеленчук на чешкиот пазар, преку поддршка што државата ја озбебедува за настап на саеми и промотивни настани во Република Чешка.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка