Македонија и Хрватска потпишаа договор за осигурување на возачи

Генералниот директор на Нациналното биро за осигурување на Македонија Трајче Латиновски и директорот на Хрватското биро за осигурување Хрвоје Пауковиќ денеска потпишаа Договор за заштита на посетители, со кој им се овозможува на возачите од двете држави побрз и поефикасен надомест на штета, во случај на евентуални сообраќајни незгоди.
Со потпишување на овој Договор, возачите од двете држави ќе имаат големо олеснување при наплата на штетата. Во иднина, тие ќе можат правото на надомест да го остварат и по враќањето во матичната држава, со помош и асистенција на националните бироа.
Латиновски на денешната прес-конференција потенцира дека со овој Договор двете национални бироа ја подигаат својата соработка и додаде оти Довоговорот е креиран врз основа на 4. и 5. Директива за моторни возила на ЕУ.
- Националното биро за осигурување на Македонија, во име на 11 осигурителни компании, досега има потпишано договори со националните бироа на Грција, Турција, Словенија, Швајцарија, БиХ, Луксембург, Србија, а до крајот на годината предвидено е ваков договор да се потпише и со Бугарија, рече Латиновски.
Тој додаде дека на граѓаните на Македонија им се овозможува, како додатна вредност, за цената која ја плаќаат за зелениот картон да ја добијат и оваа дополнителна услуга во остварување на своите права.
Пауковиќ нагласи дека Договорот е наменет за македонските и хрватските граѓани, возачи, патници и сите оние кои патуваат со возила меѓу овие две држави.
- Денеска е формално договорено дека ќе им биде олеснето на македонските граѓани кои имаат штета во Хрватска, како и на хрватските граѓани кои имаат штета во Македонија, побрзо да остварат надомест на штета, остварување на правата, полесна измена и размена на информации, рече Пауковиќ.
Според него, ова е еден исчекор на Националното биро и негов придонес кон европскиот пат на Македонија.
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
