-->
-->
Македонија ја очекува топол бран и температури до 38 степени
-->
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец .
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната до 36 степени.
До сабота времето ќе биде претежно стабилно и топло. Дневните температури ќе бидат за околу 2 степени пониски од денешните, но вдолж Повардарието сепак ќе имаат натпросечни вредности. Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи, а температурата ќе биде во благо опаѓање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Денес се празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија
-
ИДФ го уби лидерот на Хамас во Либан
-
Бајден: Недозволиво е да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток
-
Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена во САД
-
Израел подготвува копнена инвазија врз Либан
-
Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија
-
Постудено време со мала облачност и силен ветер
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство