Македонија
22. јуни 2016 - 8:30

Македонија ја очекува топол бран и температури до 38 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец .

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од  30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната до 36 степени.

До сабота времето ќе биде претежно стабилно и топло. Дневните температури ќе бидат за околу 2 степени пониски од денешните, но вдолж Повардарието сепак ќе имаат натпросечни вредности. Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи, а температурата ќе биде во благо опаѓање.