-->
-->
Македонија ја загуби првата контролка со Египет
-->
Нашите најдобри ракометари кои се во Каиро во првиот контролен дуел со селекцијата на Египет се поразени со 32-25 (12-10). Утре избраниците на Кире Лазаров ќе го одиграат вториот дуел со фараоните.
Македонија го започна натпреварот со доста проблеми, и за десет минути се постигнаа само два гола, но потоа Македонија во 15. минута од мечот имаше позитива од два гола (4-6). На пауза се замина со 12-10 за Египет.
Во вториот дел домаќинот постојано беше во водство, а Македонија пропушти неколку шанси за израмнување. Во последните 20 минути игравме конфузно со многу грешки и Египет тоа го казни со сигурна победа.
Најдобар кај Македонија беше Филип Талески со шест гола, пред Цветан Кузманоски со четири реализации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење