Македонија на врвот во Европа по смртност од Ковид-19 во последните 13 дена
Македонија е на четвртото место по смртност од ковид-19 на еден милион жители, покажува новата светска статистика заклучно со 16 септември.
Според податоците на Статиста, во земјава досега се починати 3,055.98 лица на еден милион што ја сместува земјава на четвртото место по смртност. Пред нас се Босна и Херцеговина, Унгарија и Перу, земја лидер на оваа неславна листа.
Според податоците пак, на „Covid Data Check“, Македонија убедливо е со највисока смртност од коронавирус во Европа во последните 13 дена.
На второ место е Црна Гора со 13.4 проценти, па Бугарија со 13.1, а на четврто место од регионот се наоѓа Босна и Херцеговина со 10.5 проценти.
Од регионот на шесто место се издвојува Грција, а Србија е на осмото место со стапка на смртност од 4.1 процент.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт