Македонија под нулата, најстудено во Битола -18 степени
Најниска температура во Македонија изутринава во седум часот е регистрирана во Битола, каде се измерени – 18 степени.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, -12 степени се регистрирани во Прилеп и Лазарополе, -11 во Берово, -10 во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Струмица и Дебар, -9 во Претор и Крушево, -8 во Крива Паланка, -7 во Демир Капија и Ѓуриште, -6 во Скопје-Зајчев Рид, Виница и Пожаране, -5 во Штип, -2 во Дојран и нула степени во Гевгелија.
Најмногу снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 61 сантиметри, 49 сантиметри снег има во Лазарополе, 36 во Крушево, 33 во Дебар и Пожаране, 28 во Битола, 27 во Охрид и Ѓуриште, 20 во Тетово и Претор, 12 во Прилеп, 9 во Струмица, 8 во Крива Паланка и Берово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Демир Капија, 5 во Скопје-Петровец, 4 во Виница и 2 во Гевгелија.
Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
Утре, како што информираат од УХМР, ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла.
МИА
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
