Фудбал
3. March 2020 - 18:33

Македонија против Грузија, Естонија и Ерменија во Лигата на Нациите

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби своите противници за втората сезона во Лигата на Нациите 
 
Репрезентациите на Грузија, Естонија и Ерменија, ќе бидат противниците на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија во второто издание од Лигата на нациите. 
 
Ова е исходот од денешната ждрепка одржана во Амстердам, во која црвено-жолтите беа извлечени од втората по квалитет група. 
 
Со пласманот во баражот за Европскиот шампионат, Македонија следната сезона се избори за место во Ц конкуренцијата на Лигата на нациите, која квалитетно ќе биде далеку посилна во однос на првото издание. 
 
Шеснаесетте селекциите се поделени во четири групи во кои ќе бидат одиграни по шест кола, и тоа по две во септември, октомври и ноември. Завршните средби де предвидени за јуни месец следната година.
 
 
 
Термини за одигрување на Лигата на нации: 
Прво коло: 3-5 септември 2020
Второ коло: 6-8 септември 2020
Трето коло: 8-10 октомври 2020
Четврто коло: 11-13 октомври 2020
Петто коло: 12-14 ноември 2020
Шесто коло: 15-17 ноември 2020