Македонија
5. March 2017 - 16:08

Македонија се разбуди во црвена и жолта боја- поставени државни знамиња на објекти кои беа бојосувани од Шарената револуција

Македонски знамиња од денеска ги обвиткуваат спомениците низ земјата. Обележјата кои беа на мета на вандалите од шарената револуција денеска закитени со црвено жолтите бои. Од граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија порачуваат дека Македонија мора да остане унитарна и граѓанска држава.

Црвено-жолтите велат дека масовните протести продолжуваат од утре во 17 часот и ги повикуваат граѓаните да им се приклучат.

Од иницијативата уште еднаш ги повторија своите барања и предупредија да не се игнорира револтот на граѓаните.

Иницијативата за Заедничка Македонија веќе една недела е на улиците ширум земјата и ги предводи најмасовните протести во македонската историја на кои секој ден се приклучуваат стотици илјади граѓани. Револтот е поради платформата на албанскиот премиер Еди Рама која СДСМ и ДУИ сакаат да ја инсталираат во Македонија. Таа предвидува воведување на двојазичност на целата територија, промена на знамето химната и грбот. Од ДУИ открија дека Заев прифатил двојазични да станат и униформите на војската и полицијата и парите.

Од СДСМ велат дека позитивно гледаат на платформата на Рама.

СДСМ и ДУИ обезбедија мнозинство во Собранието за реализација на тиранската платформа, но од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија се децидни дека нема да дозволат таа да биде изгласана од пратениците.