-->
-->
Македонија во Чешка патува со 17 играчи
-->

Македонската ракометна репрезентација уште денеска ќе тренира во Скопје (СРЦ „Кале“) во пресрет на првиот бараж дуел со Чешка што нашата репрезентација ќе го игра во сабота во Злин. Селекторот на Македонија Лино Червар во пресрет на своето деби на клупата на Македонија истакна:
- Точниот состав ќе се знае утре. Имаме уште два тренинга и мораме да биде внимателни особено што некој можеби е и ранлив, еден пад или слично може многу нешто да смени и затоа мора да бидеме внимателни. Стоилов имаше повреда, но последниот тренинг добро го одработе.
Чешка сепак е главната тема кај стручниот штаб.
- Чешка е силна репрезентација која во моментов во составот нема екстра ѕвезди, но таа селекција има силен колектив. Малку ни се овие денови за подготовка, но тоа е. Се обидуваме да ја тренеме тензијата, мотивацијата и одговорноста. Не е лесно особено по неуспешните квалификации во Гдањск. Но, мора да се гледа оптимистички. Мораме да имаме подготвен и план Б и да не играме само 6-0 зона. Она што е добро и позитивно е дека играчите имаат желба. Не очекува тежок натпревар, на претходниот исто така во Злин Чешка имаше висока предност и се лаже секој што мисли дека ќе биде лесно, изјави селекторот.
Нашата репрезентација за Злин ќе патува во петок наутро, а истиот ден на пладне ќе има и тренинг во салата каде во сабота ќе се игра натпреварот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
-

СДСМ: 11 дена молк за марихуаната
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел
-

Девизните резерви надминаа 5,6 милиони евра
-

Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места
-

Гаши: Ревизорските извештаи бараат суштинско разгледување, Собранието ќе ги зајакне механизмите за надзор
-

Укинување на дискреционото право на директорите при вработување медицински кадар помина на Комисијата за здравство
-

Мицкоски: Реконструиран локалниот пат село Корешница - село Челевец во Општина Демир Капија
