Фудбал
8. October 2020 - 21:36

Македонија води на полувремето против Косово

Репрезентацијата на Македонија води на полувремето против селекцијата на Косово со 2:1 во полуфиналето од Лига Д во Лигата на нациите.

„Жолто-црвените“ поведоа со автоголот на Алити по шут на Ристовски во 16 минута, а десетина минути подоцна Хадерџонај израмни со удар од далечина по грешка на нашите дефанзивци.

Македонија си го врати водството преку Велковски во 33 минута.

Доколку вечерва оствари победа, нашата репрезентација ќе игра во финалето со селекцијата на Грузија.

Победникот во дуелот ќе игра на ЕП 2021.