Македонката која победи на Макфест пред 21 година денеска изгледа совршено!
Макфест 1995 ни ја донесе незаборавната „Не биди слеп“, а ја исполни 16 годишната кавадарчанка Цветанка Глигорова и ја однесе победата. Но, сепак во тоа време одлучи да се откаже од естрадата.
Денес Цветанка има 37 години и заедно со својата ќерка живее во Кавадарци. Иако професионално не продолжи да ја гради музичката кариера, Глигорова никогаш не престана активно да пее и настапува по клубови, ресторани и кафулиња во Тиквешијата.
Освен тоа што музиката е нејзина голема љубов, Цветанка од пред извесен период покажа афинитети и кон модата, па реши да стане и фотомодел.
Таа за новогодишните празници направи провокативна фотосесија за кавадаречкото фото студио Фуџи, а исто така периодов како фотомодел рекламира и гардероба од локалните бутици.
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип