Македонска Каменица ќе добие Центар за деца со интелектуална попреченост
Со поставување камен - темелник денеска на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, кој воедно е и ден на општината и ден на македонските рудари, во Македонска Каменица почна градбата на Центар за деца со интелектуална попреченост во развојот.
- Денеска свечено го означивме почетокот на изградбата на дневниот центар за деца со пречки во развојот, за сите дечиња од Македонска Каменица со капацитет од 60 до 80 дечиња. Од прилика од девет до 12 месеци очекуваме тука да има еден модерен, современ објект, изграден по сите најсовремени стандарди кој што ќе ги има сите потребни услови за згрижување на дечињата, рече Спасов.
Тој посочи дека досега дел од дечињата биле згрижувани во дневниот центар во Делчево, а сега, со изградбата на овој современ капацитет тие веќе нема да м,ора да патуваат.
Спасов појасни и дека во соработка со Општината ќе се продолжи со реализација на проекти во интерес на граѓаните и дека Министерство има интензивни инвестициски активности за отворање дневни центри за различен вид попреченост во голем број општини во државата.
- Набрзо ќе биде отворен дневиот центар за деца со аутизам во Штип, дневниот центар за деца со оштетен вид во Велес, дневниот центар за деца со пречки во развојот во Валандово и Кочани, во Липково. И понатаму ќе продолжиме во општините каде што има потреба да создаваме вакви капацитети со цел и на родителите да им ги олесниме условите за живот, меѓутоа и да го подобриме животот на децата со пречки во развојот во Република Македонија, истакна Спасов.
Градоначалникот Митевски изјави дека денешниот камен темеленик е на иницијатива произлезена од една посета на министерот Спасов, пред неколку месеци на Општина Македонска Каменица, а која денес станува реалност.
- Ние пред определен период во соработка со Владата на Република Македонија веќе реконструиравме и изградивме дневен центар за стари лица во село Саса со што создадовме услови за оваа категорија граѓани каде да имаат можност да го поминуваат слободното време, рече Митевски.
Објектот во Македонска Каменица е лоциран непосредно до детската градинка и ќе ги користи услугите од истата кујна. Вкупната корисна површина е 342 метри квадратни. За неговата изградба ќе бидат инвестирани 10 милиони денари, обезбедени од Владата, општинскиот буџет и од Рудникот „САСА„. Капацитетот на центарот че биде за 60 до 80 лица.
Ново на Сител
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса