Македонска културна вечер во Бургас

Во организација на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија и Регионалната библиотека „П.Јаворов“, вечерва во Бургас беше организирана вечер посветена на македонската култура и уметност.
Македонската културна вечер беше отворена со ликовната изложба „Поврзување" на која со свои дела работени во различни ликовни техники се претставија уметниците Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Зоран Мише, Горан Тричковски, Иван Стоименов, Слободан Милошески, Перица Георгиев Пепси, Павел Целкоски, Ице Огненовски-Мерко и Иво Пецов.
Во литературниот дел од вечерта, стихови од познати македонски поети интерпретираше актерот и режисер Ѓорги Георгиев-Антика.
Директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров, кој заедно со директорката на Регионалната библиотека „П.Јаворов" Марија Бенчева беа домаќини на ова прво поголемо претставување на македонска култура во Бургас, на библиотеката и подари книги, монографии и каталози од македонски писатели и ликовни уметници. На настанот присуствуваше и заменик градоначалникот на Општина Бургас, Јорданка Ананиева.
Овој проект е дел од годишната програма на КИЦ на РМ во Софија и е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. Во 2017 година овој проект беше претставен во Софија, Пловдив и Созопол, а после Бургас претстои и претставување на македонската култура во Банско.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
