Македонска културна вечер во Стара Загора
Македонска културна вечер ќе биде одржана во Регионалната библиотека „Захариј Књажески“ во Стара Загора.
Како што информираат од КИЦ на РМ во Софија, вечерта ќе биде отворена со изложбата на групата „Конекција 2“ на која ќе бидат претставени дела на 13 уметници од Република Македонија.
Отворањето ќе биде збогатено со македонска музика, а актерот Иван Калошев ќе интерпретира стихови на македонски и бугарски јазик од Ацо Шопов, Анте Поповски, Веле Смилевски, Богомил Ѓузел, Лилјана Дирјан, Никола Маџиров и други познати македонски поети.
За ова прво целовечерно македонско културно претставување во Стара Загора, ќе зборуваат директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија Васко Шутаров, а се очекува обраќање на претставник од Советот на Општина Стара Загора и директорката на Регионалната библиотека.
Овој проект е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот