„Македонска национална програма“ од Стефан Влахов Мицов

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Македонска национална програма“ од Стефан Влахов Мицов, во која авторот пишува за македонската историја и за вредностите создавани низ вековите.
Во редакциската препорака за ова дело е забележано дека, за разлика од сите нации на Балканот, единствено Македонците немаат целосна национална програма, независно што за разлика од повеќето балкански народи во периодот од 15-ти до 18 век постои македонски протонационализам.
- Во изминатиот период македонскиот народ живеење со идејата за национално и социјално ослободување. Но, тие идеи и концепти не беа хомогени, бидејќи самиот народ беше подложен на различни политички, идеолошки, економски и културни притисоци, влијанија и пропаганди, наведува издавачот.
Стефан Влахов Мицов (1956) е автор на богат научно-истражувачки опус. Негови најзначајни дела се: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“,„Држава - како се гради и брани“, „Балканска психологија – државници и марионети“, „Творечки дострели во македонски дух“ и „Филозофија на балкансиот пекол“.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
