Бизнис
4. September 2024 - 16:34

Македонската економија со најголем раст во последните 2 години

Македонската економија бележи највисока стапка на раст во последните 2 години. Статистика пресметка дека бруто домашниот производ во втората четвртина од годинава пораснал за 2,3% што е највисок квартален раст по оној од второто тримесечие од 2022 кога економијата порасна за 2,8%.

Намалување бележат и увозот и извозот. Извозот се намалил за 3,4 а увозот за повеќе од 5%.

По подолго време раст бележи и индустриското производство. Премиерот задоволен, но очекува и подобри резултати

Според премиерот, подобрата бизнис клима доаѓа како резултати на подобрите услови кои ги креирала новата Влада

Во СДСМ очекувано не се согласуваат. Сметаат дека Владата води лоши економски политики.

Владата на крајот од минатиот месец ја прекрои државната каса обвинувајќи ја власта на СДСМ и ДУИ дека оставила празен буџет и голем број на непредвидени трошоци. Во такви услови, ребалансираниот буџет ја спушти проекцијата за раст на економијата на годишно ниво од 3,4% на само 2,1%.