Македонија
18. July 2024 - 9:47

Македонската полиција уапси поранешен припадник на ОВК по потерница од Србија, Косово бара ослободување

 Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.

- Нашиот амбасадор во Северна Македонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај, се наведува во соопштението.