Македонија
18. July 2016 - 23:45

Македонски државјани уапсени во Елбасан како дел од нарко група

Полицијата во албанскикот град Елбасан разбила организирана албанско-македонска група шверцери на дрога.

Во рамки акцијата „Домосдова“, уапсени се четири лица од нив двајца албански и двајца македонски државајни, запленети се шест килограми марихуана, а по едно лице се трага.

Според полициското соопштение, уапсени се македонските државјани Музафер Салјиу (37) од село Студеничани и Александар Трпески (30) од Скопје, како и албанските државјани Вангел Богдани од селото Рајце и Вјолинда Розани (30) жителка на Корча.

Полицијата трага по лицето И.А(54) жител на селото Рајце во чиј стан била пронајдена марихуаната. При претрес на станот, кој го имал земено под кирија, полицијата пронашла и пиштол „Застава“ калибар 7,65мм.

Марихуната требало да биде прошверцувана во Македонија.