Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на аеродромот во Тирана
Македонскиот државјанин В.Е.(32) од Струга е уапсен на меѓународниот аеродром во Тирана, врз основа на меѓународна потерница.
Уапсен бил пред летот за Базел, Швајцарија од аеродромската полиција, како резултат на размена на информации меѓу Интерпол Тирана и Интерпол Скопје.
- Се смета за водич на криминална нарко-група од Струга. При полициска акција на 24 ноември 2023 година на подрачјето на општина Струга од 22 лица кои биле дел од нарко групата, 19 се уапсени, а три лица, меѓу нив и В.Е. избегале. Тој пред полициската акција бил информиран и успеал да побегне, наведува abcnews.al.
Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, со цел да биде екстрадиран во Северна Македонија, за што правосудните органи во Албанија ќе го чекаат барањето од македонските власти.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата