Македонски државјанин приведен во Бугарија за шверц на мигранти
Регионалното јавно обвинителство од бугарскиот град Бургас им одреди мерка притвор во траење од 72 часа на државјани на Mакедонија и на Романија, под сомнеж за организирање на илегален транспорт на мигранти од Авганистан.
Како што соопшти Обвинителството, двајцата странски државјани се товарат дека незаконски им помагале на лица со авганистанско потекло да престојуваат и да транзитираат низ територијата на Бугарија.
Македонскиот државјанин е осомничен за организирање на илегален транспорт на 26 авганистански мигранти, кои биле откриени во неделата во селото Драганци во Општина Карнобат, во реонот на Бургас. Романскиот државјанин, пак, е обвинет илегален превоз на 27 Авганистанци, пронајдени во понеделникот на потегот меѓу селата Житосвјат и Малина во истата Општина.
Авганистанските државјани биле превезувани со две моторни возила со иста марка и модел.
Ново на Сител
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД
-
Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград