Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија
Македонски државјанин, кој управувал камион – шлепер учествувал во сообраќајна несреќа што се случила во близина на албанскиот град Либражд.
Камионот се судрил со патничко моторно возило, при што повредени се две лица кои биле автомобилот.
- На патниот правец Либражд-Елбасан, на местото викано „Мостот на Мураш“ товарно возило управувано од Г.Т. државјанин на Северна Македонија, се судрило со автомобил управуван од државјанинот А.Т. жител на Поградец. Во незгодата со телесни повреди се здобиле А.Т. и сопатничката во возилото што го управувал овој граѓанин, кои се препратени во болница за укажување лекарска помош, стои во полициското соопштение.
Се спроведуваат натамошни процесни дејствија кај државјанинот Г. Т.
Истражната екипа на местото на настанот работи на расветлување на околностите на несреќата, но според првичните информации причина е " непрописно претекнување од страна на возачот на автомобилот“.
Ново на Сител
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети