Македонски фолклор на фестивал во Босна

Членовите на Фолклорниот ансамбл „Кочани“ од Кочани од 21 до 27 јули учествуваа на четвртиот меѓународен фолклорен фестивал во Бихач, Босна и Херцеговина, на кој ги презентираа македонскиот фолклор и песнопојната и музичка традиција на меѓународен план.
- Во Бихач настапивме на меѓународниот фолклорен фестивал „Брековица 2016“ заедно со десетина ансамбли од Хрватска и Босна и Херцеговина. Одржавме четири концерти по два во Босанска Крупа и во Бихач, а настапивме и на завршната вечер на фестивалот во Брековица, близу Бихач. Настапивме со сплетот македонски ора и песни - Водарки, Цвеќеберачка, Источна и Малешевка, а за прв пат пред публиката во Босна го изведовме сплетот Лазаренки со нова носија и кореографија, изјави Тони Манасиев, секретар на ФА„Кочани“.
Гостувањето во Босна и Херцеговина е во рамките на воспоставената соработка помеѓу Културно-уметничките друштва од Кочани и Бихач.
Манасиев најави дека фолклористите од Босна во Кочани ќе гостуваат во месец октомври во рамките на „Деновите на кочанскиот ориз“.
За време на престојот во Босна и Херцеговина, кочанските фолклористи ги посетиле Плитвичките езера, националниот парк „Уна“, како и повеќе знаменитости во оваа држава.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
