Македонија
25. August 2015 - 8:58

Македонски поети и книжевни ревии застапени во романското списание „ХЕЛИС“

Во најновиот број на романското списание „ХЕЛИС“ (јули-август) 2015, на специјален прилог, објавени се насловните страници на ревијата за книжевност „Бранувања“ и списанието за книжевност, култура и уметност „Раст“ од Битола и прилог на главниот уредник на списанието, на познатиот романски писател Георге Добре.

Во истиот број, со биографска белешка и избор од поетското творештво претставени се македонските поети Катица Ќулавкова, Братислав Ташковски и Славе Ѓорго Димоски. 

Преводот, односно препевот од македонски на романски јазик е на Димо Димчев и на Георги Добре.