Македонски специјалец од „Тигар“ најдобар во велеслалом на меѓународен полициски натпревар во Хрватска
Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија освои прво место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање, кој се одржа на Сљеме во Република Хрватска на 25 февруари 2026 година.

Како што информираат од МВР, на натпреварот учествувале полициски службеници од повеќе држави и меѓународни институции, меѓу кои Словенија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Хрватска и Frontex, што придонело за силна конкуренција и висок натпреварувачки квалитет.

Постигнатиот успех, според МВР, претставува потврда за високото ниво на подготвеност, професионалност и посветеност на припадниците на полицијата, како и достојна афирмација на државата на меѓународен план.

Од Министерството упатија честитки до припадникот на САЕ „Тигар“ за освоеното прво место, изразувајќи уверување дека и во иднина ќе продолжи со врвни резултати и ќе биде пример за професионалност и спортски дух.
Ново на Сител
-

Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран ги нападнал со ракети и беспилотни летала
-

СП 2026: Хрватска ја победи Гана и го освои второто место во Л-групата
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола станува симбол на развојот на Пелагонија
-

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“
-

Трамп: Американски авиони нападнаа складишта за ракети и беспилотни летала и радарски станици во Иран
-

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.430
-

Одбележување на 80-годишнина од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78-годишнина од прогонство на деца Македонци од Егејскиот дел
-

Топло време со температури до 38 Целзиусови степени
