Македонски винарии на Меѓународниот саем во Дизелдорф

Вкупно 11 винарии од Македонија, Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Попов, Мовино, Ројал и Сопот, учествуваат на годинашниот Саем за вино „ProWein“ во Дизелдорф, Германија, што се одржува од 19 до 21 март.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) кое го поддржа учеството, при претставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата Вранец.
- Виното Вранец е наш најголем репрезент со кој може да се запознаат многубројните дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет, наведува МЗШВ.
„ProWein“ е водечки меѓународен Саем за вино и алкохолни пијалаци во Европа на кој своите вина ги промовираат 6.000 изложувачи од 50 вински земји во светот. Секоја година брои повеќе од 50.000 бизнис посетители.
Македонскиот национален штанд и оваа година е финансиски поддржан од Програмата за финансиска поддршка на руралиот развој за 2017 година, додека поддршката на здружението „Вина од Македонија“ е во рамки на активностите на МЗШВ за промоција на македонското вино на интернационалните пазари.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
