Македонскиот хируршки тим распореден во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул се врати дома
Македонскиот хируршки тим во состав на Норвешката Role–2 Полска болница, распореден во Кабул, Авганистан денеска се врати во нашата земја, соопшти Министерството за одбрана.
Тимот на скопскиот аеродром бил пречекан од државниот секретар во Министерството, Драган Николиќ, бригадниот генерал Орце Јордев, одбранбеното аташе на Кралството Норвешка акредитирано за нашата земја, потполковник Егил Далтвеит, како и членови на нивните семејства.
Државниот секретар, Николиќ на членовите на тимот им посакал добредојде и ја поздравил нивната успешна работа во мисијата на НАТО. Тој истакнал дека нивното учество во оваа мисија е од голема важност за земјата и изразил уверување дека добиеното искуство ќе биде од голема важност за развој на оваа способност која и во иднина ќе биде на располагање како НАТО ресурс.
– Хируршкиот тим се состои од двајца доктори специјалисти – по трауматологија и по општа хирургија, и три медицински сестри. Четворица од нив се од јавното здравство, а една е медицинска сестра од Баталјонот за медицинска поддршка на Армијата на Република Македонија, наведуваат од Министерството.
Тимот беше прв македонски хируршки тим упатен во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ по членството на земјава во Алијансата. Тимот замина во Кабул во март 2021 година, со претходна тримесечна обука која се реализираше во Кралството Норвешка, заедно со норвешките колеги кои беа дел од истата ротација во оваа мисија.
Ново на Сител
-
Клековски: Згрижувањето на пациентите од пожарот во „Пулс“ е завршено, од утре се фокусираме на планирањето на следните чекори
-
Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца
-
„Ја закопавме маме, сега тебе, која судбина ја имам“, емотивна објава на Марија за нејзината сестра Лепа
-
Мелони: Разговорот меѓу Трамп и Путин создаде надеж за завршување на војната во Украина
-
Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Кочани
-
Стојановски: Состојбата на повредените пациенти во ГОБ „8 Септември“ е стабилна
-
Затворени три дискотеки бидејќи не ги исполнувале условите - „Ќе им бидат изречени сите максимални казни", вели Митева
-
Утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје ќе биде погребот на починатите во пожарот